Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци отпатуваа за Загреб по нова победа во СЕХА-лигата
Вардарци отпатуваа за Загреб по нова победа во СЕХА-лигата

Вардарци отпатуваа за Загреб по нова победа во СЕХА-лигата

Нема многу одмор за нашиот ракометен шампион. Вардарци отпатуваа за Загреб, каде утре со почеток од 17 часот ги очекува нов натпревар во рамките на СЕХА-лигата. Повторно во нашиот состав ќе недостасуваат Кањелас и Абутовиќ. Против истиов противник имавме можност два пати да играме оваа сезона, од кои по една победа им припадна на двете екипи. Оној меч во СЕХА-лигата го добивме во наша корист.

До крајот на оваа календарска година, остануваат уште два натпревари за РК Вардар. Утрешниот против ППД Загреб и на 17-ти декември уште едно гостување во Белорусија, против екипата на Брест Мешков.