Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младинците со два гола на Петар Петковски ги победија сениорите на Македонија
Младинците со два гола на Петар Петковски ги победија сениорите на Македонија

Младинците со два гола на Петар Петковски ги победија сениорите на Македонија

Денес на теренот во населбата Ѓорче се одигра првиот од двата контролни натпревари помеѓу младинската и сениорската репрезентација на Македонија. Подобри беа помладите кои забележаа победа со резултат 2:1. На овој контролен натпревар настапија и играчи од нашиот фудбалски шампион.

Петар Петковски и младинецот Есмин Личина беа дел од младата селекција, додека кај сениорите настапија Бобан Николов и Дарко Велковски, додека на клупата беше нашиот голман, Филип Гачевски. Токму со погодоците на Петар Петковски, Македонија У-21 славеа со резултат 2:1. Погодоците на Петковски беа постигнати во првото полувреме, додека во вториот дел резултатот го намали Душко Трајчевски.