Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лакрабер и Лејно блиску до полуфинале на ЕП
Лакрабер и Лејно блиску до полуфинале на ЕП

Лакрабер и Лејно блиску до полуфинале на ЕП

Ракометната репрезентација на Франција стигна до својата четврта победа на Европското првенство кое во изминатиов период се игра во Шведска. Ова беше втор триумф за “триколорите“ во новоформираната група 1 со која си ги зголемија шансите за пласман во полуфиналето.

Вчера вечерта, Франција успеа да стигне до многу важна победа и тоа во дуелот со домаќинот Шведска. Фуриозно стартуваа Французинките со водство од 0:5, додека на првиот погодок Шведска чекаше седум минути. Сепак во продолжение од натпреварот домашната селекција успева полека да фати ритам и да се врати во игра. Како одминуваше првиот дел постепено ја намалуваа разликата, но по првото полувреме, Франција беше репрезентацијата која замина со предност од 10:12.

Во второто полувреме, Франција успева да направи голем исчекор и да ги врати оние најголеми пет голови предност од стартот на натпреварот. Одлично играа во овој дел од натпреварот, наметнувајќи силно темпо на игра. Шведска не се откажуваше и не дозволуваше противникот предвреме да го реши мечот. Повторно стигнуваат на еден гол негатива со серија од неколку погодоци. Сепак финишот им припадна на Франција, која славеше со резултат 19:21. Лакрабер имаша важна улога во победата, постигнувајќи 4 голови. На голот беше и Амандин Лејно.

euro_2016-swe_fra-photo-uros_hocevar20161212_28_272921_584f1ad15

На едно коло пред крајот на новоформираните групи, Холандија и Франција имаат по 6 бодови. Германија одигра само нерешено со Шпанија и остана на третата позиција со 5 бодови. Во последното коло, Франција за противник ја има Србија која е без шанси за полуфинале. На тој начин сме многу блиску да гледаме ракометарки на Вардар во борба за еден од медалите. Таму друштво треба да им прави и Камила Херем со Норвешка.