Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар по “одмазда“ во Загреб од поразот во ЛШ
Вардар по “одмазда“ во Загреб од поразот во ЛШ

Вардар по “одмазда“ во Загреб од поразот во ЛШ

Денеска Вардарци ќе го одиграат претпоследниот натпревар во годината која полека изминува. Избраниците на Раул Гонзалес ќе гостуваат во Хрватска, на екипата на ППД Загреб. Ова ќе биде 18-ти меѓусебен дуел на овие две екипи. До овој меч, Вардар има 9 победи, 7 пати Загреб излегол како победник, додека еднаш одиграле со нерешен резултат. Оваа сезона веќе одигравме два натпревари. На првиот кој беше во рамкиве на истово натпреварување, кој беше одигран во С.Ц.Јане Сандански, црвено-црните славеа минимално со резултт 32:31. Вториот меѓусебен дуел на двете екипи беше во лигата на шампионите, кога во најсилната група Б, ППД Загреб славеше триумф со резултат 28:27. Иако во најголем дел од натпреврот имавме и предност која достигна пет голови, сепак на крајот го загубивме натпреварот. Тоа беше и прв пораз за Вардарци во ЛШ, после четири последователни победи во најголемото ракометно натпреварување. Екипите на Вардар и Загреб се сретнаа и во полуфиналето на минатосезонскиот завршен турнир кој се играше во Вараждин. Тогаш победата му припадна на Вардар (26:24) кој се пласираше во големото финале каде беше поразен од екипата на Веспрем.

Нема тајни помеѓу овие две екипи кои одлично се познаваат, можеби моменти на среќа ќе го одлучат победникот на денешниот натпревар. Вардар е лидер на табелата кој сеуште е без пораз во ова натпреварување. Само два нерешени резултати и дури единаесет победи е ефектот до пред одигрување на овој меч. Загреб во саботата на истиов терен го победи актуелниот шампион на СЕХА, екипата на Веспрем (27:23). Моментално се на третата позиција на табелета со 25 освоени бодови. На овој дуел повторно ќе недостасуваат Абутовиќ и Кањелас во нашиот состав. Денешниот дуел започнува од 17 часот, со директен пренос на МРТ-1.