Се вжештува атмосверата пред полуфиналето на Државното поединечно првенство во куглање, во двата 1/2-финални дуели имаме играчи на КК Вардар кои атакуваат на финале. Ударното вардарово дуо Димитровски-Влаќевски доминираат досега во првите три круга на ова натпреварување. Нивните просеци се феноменални, далеку над магичната граница “600“. Полуфинале ќе се одигра на куглана „Мусандра“ во Градскиот трговски центар-Скопје на 21.12.2016година.
Димитар Димитровски во квалификациите имаше два одлични резултати 621 и 637, апак во четвртфиналето беше најубедлив впишувајчи зад своето име 665 “соборени дрва“. На вкупно три настапи имаше одлични 1913 вкупни соборени “дрва“. Просекот е “галактички“ по трите настапи односно 638 соборени чуна.
Бојан Влаќевски по двата квалификациски настапи влезе како лидер во четвртфиналето тој имаше скор од 616 и неверојатниот на вториот настап од 670 “соборени дрва“. Во 1/4-финалниот дуел мина лесно со 597 понатаму во полуфиналето. Вкупно Бојан има 1883 “соборени дрва„. Просекот е исто така над шестотини, односно одлични 628 соборени чуњеви по овие три круга со кои влегува исто така како фаворит во полуфиналето.
Влегуваме како фаворити во двата дуела oд полуфиналето, посакајќи да играме братско финале на 28/12/2016 (среда) во кое нема да биде важен победникот бидејќи врвот ќе биде црвено-црн. Нашиот “дијамант“ Димитровски игра со Ибрахим Мемеди, “кугларскиот моцарт“ Влаќевски за препрека го има Виктор Николовски.