Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јован Петровски: “Јуниор лигата“ е натпреварување каде ние младите можеме да научиме многу работи за ракометот
Јован Петровски: “Јуниор лигата“ е натпреварување каде ние младите можеме да научиме многу работи за ракометот

Јован Петровски: “Јуниор лигата“ е натпреварување каде ние младите можеме да научиме многу работи за ракометот

Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Истите тие утре можат да бидат и предводници на репрезентацијата кои ќе придонесуваат за големи успеси на европските и светски првенства. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Дел од неа е Јован Петровски кој настапува за РК Делчево.

-Јас имам играно многу спортови, ама ракометот највеќе ме привлече бидејќи како што гледам во Македонија најдобар спорт е ракометот и со ракометот највеќе можеш да постигнеш. Започнав ракомет да играм на 11 години во ракометната школа Делчево-Вардар која е една од најдобрите школи во цела Македонија. Тоа се  се гледа по успесите кои ги постигнуваме во рамките на “Јуниор“ лигата. Во оваа школа нашиот тренер не учи многу работи за ракометот. Од неговото искуство јас многу научив за ракометотот и оваа школа има многу деца што се искусни и што се добри ракометари. 

Само позитивни впечатоци и мислења за големиот проект на РК Вардар, кој им овозможува на децата да стекнуваат поголемо искуство преку натпреварите во лигата.

-“Вардар Јуниор лигата“ е натпреварување каде ние младите можеме да научиме многу работи за ракометот. Организацијата е безпрекорна и функционира на највисоко можно ниво. Највпечатливо е тоа што  можеме да се запознаеме со многу другарчиња од дргите градови и школи.

“Јуниор“ лигата е најголемата шанса за сите играчи да станат дел од младинските екипи на РК Вардар.

-Задоволен сум од играта на мојот тим и од мојот придонес, ама секогаш може повеќе. Желба и најголема цел ми е да заиграм за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар Вардар, изјави Јован Петровски.

Звонко Ивановски