Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Како помина полусезоната преку бројки на Вардаровата генер. “2006“ , Вардар (1) стана есенски шампион и постигна дури 62 голови
Како помина полусезоната преку бројки на Вардаровата генер. “2006“ , Вардар (1) стана есенски шампион и постигна дури 62 голови

Како помина полусезоната преку бројки на Вардаровата генер. “2006“ , Вардар (1) стана есенски шампион и постигна дури 62 голови

Вардаровата генерација на ФК Вардар родени “2006“ година го финишираа есенскиот дел од сезоната во детската лига. Избраниците на Филип Арсовски се натпреваруваа со две екипи, од кои Вардар (1) заврши на првото место и со тоа стана есенски шампион во својата група. Во наредниов текст ќе направиме комплетен преглед на остварените резултати во изминатата полусезона за двете екипи на оваа генерација.

vardarfans-47-660x330

Вардар (1) одигра девет натпревари, на кои забележа исто толку победи и со максимални 27 бодови го освои првото место. Убедливо ги добивме сите мечеви во своја корист, изразена со поголема разлика. Единствено ако се гледа според конечниот резултат најмногу не “намачи“ Драчево, кој го совладавме со резултат од 2:0. Оваа екипа на Вардар беше доста напаѓачки расположена постигнувајќи дури 62 постигнати голови, што говори за доминацијата на црвено-црните во дуелите со своите противници. Одбраната беше на ниво, каде дозволивме да примиме само 7 погодоци.

Состав на Вардар (1): Анреј Данстак, Драган Јанковски, Никита Патаровски, Михаил Николов, Дарко Сековски, Давид Голубов, Марко Николовски, Стефан Коловски, Максим Цониќ, Михаил Танчев, Дамјан Крстевски.

vardarfans-1

Ова се сите остварени резултат на Вардар (1) во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар -Скупи  5:2

2 коло: Вардар – Шкендија А.  16:0

3 коло: Вардар – Драчево Јуниор  2:0

4 коло: Вардар – Работнички (2)  7:0

5 коло: Вардар – Албарса (2)  8:1

6 коло: Вардар – Кул Здравје  7:1

7 коло: Вардар – Фортуна  9:1

8 коло: Вардар – Албион  4:1

9 коло: Вардар – Форца  4:1

Вардар (2) има послаби резултати во овој дел од сезоната. Одиграа исто 9 натпревари, на кои забележаа 4 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази. Постигнавме вкупно 34, додека примивме 24 голови. Има момчиња и во оваа екипа кои покажуваат одреден квалитет, кај кои постои голема желба и работа за докажување.

Состав на Вардар (2): Мартин Ивановски, Димитар Порчу, Данил Ордевски, Максим Митревски, Јован Иловски, Олег Михајловски, Марко Митев, Мирза Хасиќ, Филип Симоновски, Филип Цветковски, Андреј Стевковски, Матеј Анастасов, Ангел Настевски.

vardarfans-22

Нивните резултати кои ги постигнаа во есенскиот дел од детската лига:

1 коло: Вардар – Кул  7:0

2 коло: Вардар – Смилковци  4:4

3 коло: Вардар – Куманово  2:4

4 коло: Вардар – Спорт Ефе  3:4

5 коло: Вардар – Работнички  3:3

6 коло: Вардар – Шкупи  8:1

7 коло: Вардар – Сарај  3:1

8 коло: Вардар – Албарса  2:6

9 коло: Вардар - Њу Старс  2:1

vardarfans-14

Што се однесува до најдобрите стрелци во оваа генерација, неколку играчи се издвојуваат според бројот на постигнати голови. Местото број еден е резервирано за Давид Голубов кој постигна 16 голови. На второто место се наоѓа Михаил Танчев кој има постигнато 14 погодоци.

vardarfans-810-660x330vardarfans-44

1. Давид Голубов  16

2. Михаил Танчев  14

3. Стефан Коловски  12

4. Марко Николовски  11

5. Михаил Танчев  8

6. Дарко Сековски  7

7. Олег Михајловски  6

8. Мирза Хасиќ  6

9. Максим Цониќ 5

Филип Арсовски ќе се обиде оваа сезона да ја донесе генерацијата на врвот во детската лига и да го повтори успехот со генерација “2004“ од минатата натпреварувачка сезона. Има потенцијал и квалитет кај овие момчиња кои треба да покажат дека се најдобрите во нивната категорија.

116