Вардаровите ракометни надежи, пионерите на ракометниот клуб Вардар завршија со натпреварите во домашниот шампионат, сепак тие пред почетокот на зимската пауза ќе бидат дел од ракометен силен, меѓународен турнир кој ќе се игра во Брчко – Босна и Херцеговина.
Станува збор за екстра квалитетни учесници кој ќе ги има турнирот, меѓу кои позвучни имиња се: француски ПСЖ, Веспрем, Црвена Звезда, Партизан, Целје, Загреб и.т.н. “Локомотива купот-2016“ ќе биде 14-ти по ред турнир и ќе се игра во периодот од 16 до 18 декември. Момците со својот предводник А.Будимир на 15-ти четврток заминуваат за Босна за да учествуваат на овој турнир. Веќе се познати противниците во нашата група, истата ќе има пет екипи. Ние се наоѓаме во групата-Ц заедно со пионерите на ППД Загреб, Марк Хенбал, УБ и тимот на Каштел Сплит. Од овој силен турнир ќе има преноси преку видео стримови кои ние ќе ви ги постираме на нашиот сајт