Нашиот шампион ракометниот клуб Вардар вчера го одигра претпоследниот натпревар оваа календарска 2016 година. Во дуел од регионалната СЕХА лига момците на Раул Гонзлес го забележа првиот пораз, тие на гостувањето во Хрватска се поразени од домашниот ППД Загреб. Загребските ракометарии триумфираа со резултат 28-26, за овој меч шпанецот на нашата клупа Гонзалес за медиумите го изјави следното:
Тимот на домаќинот, ППД Загреб повторно беше подобар тим од нас. Ние направивме премногу грешки со што дозволивме на противникот да постигне доста погодоци, што на крај се покажа пресудно и кобно за нас на овој натпревар во лигата.
Од играчите свои впечатоци од овој натправар даде десното крило на Вардарци , хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ. Вардаровото крило за натпреварот во регионалната лига го изјави следното:
Во текот на првото полувреме ни недостигаше цврстина во одбраната, апак во офанзива игравме премногу статично што резултираше со грешки. Во вториот дел нашиот план беше да одиме со сите сили, но тоа беше премногу доцна со оглед на тоа што ППД Загреб го исконтролира резултатот во нивна полза на крај за победа.