Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Уште едно дерби во првата ракометна лига, Вардар 2 домаќин на Риниа М во последното есенско коло
Уште едно дерби во првата ракометна лига, Вардар 2 домаќин на Риниа М во последното есенско коло

Уште едно дерби во првата ракометна лига, Вардар 2 домаќин на Риниа М во последното есенско коло

Утре во спортскиот рекреативен центар Кале, екипата на РК Вардар 2 ќе го одигра последното есенско коло во рамките на првата ракометна лига. Противник на младиот состав на Зоран Петковски ќе биде екипата на Риниа М.

После еден пораз и нерешен резултат, младите Вардарци се вратија на победите, откако на гостувањето славеа во дуелот со Спартак и на тој начин ја пордолжија борбата за едно од првите две места во лигата. Ова ќе биде уште еден дерби натпревар за Вардар, со оглед дека Риниа се наоѓа на третото место на табелата со идентични 22 оавоени бодови како и нашиот состав. Двете екипи имаат по седум победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Прва е екипата на Младост која има 26 бодови, но и меч повеќе од екипата на Вардар.

Се надеваме на добра игра од нашите момци, кои со триумф би ја заокружиле успешната полусезона во првата ракометна лига. Мечот започнува во 19 часот.