Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Стефанија Ѓорѓиевска: Целиот тим и тренерите се заслужни за моите добри игри
Стефанија Ѓорѓиевска: Целиот тим и тренерите се заслужни за моите добри игри

Стефанија Ѓорѓиевска: Целиот тим и тренерите се заслужни за моите добри игри

Трето место за втората кадетска екипа на ракометниот клуб Вардар по завршување на есенскот дел од натпреварувачката сезона. Со три победи и два порази избраничките на Ристова и Певевска го завршија првиот дел од сезона. Фактот дека се натпреваруваме во повозрасна генерација е само искуство за овие млади девојки на РК Вардар. Најдобар стрелец на екипата по финиширање на есенскиот дел е Стефанија Ѓорѓиевска. Ова е нејзина втора сезона во црвено-црниот дрес, откако беше избрана на селекцијата преку “Јуниор“ лигата. Таа ќе не запознае како започна да тренира ракомет и стигна да настапува во Вардар, как и за впечатоците од изминатата полусезона во кадетската лига.

-Кога бев мала мојата мајка и татко ми вклучуваа телевизија да гледам ракомет. Постојано гледав и добив желба да тренирам. Никогаш не помислив дека ќе стигнам толку далеку, кога ја добив веста дека ме избрале да тренирам во еден од најуспешните клубови на Балканот, бев многу возбудена и среќна. Уште од почетокот сите се сложувавме и до сега немавме никаков проблем. Во првиот дел од сезоната имавме пет натпревари од кои имавме три победи. На сите мечеви дадовме се од себе и задоволна сум од нашиот резултат, сепак игравме со повозрасни.

15435847_347496748960262_1254375179_n

Стефанија постигна 21 гол и е најдобар стрелец на својата екипа.

-Јас бев најефикасна, но не сум само јас заслужна за тоа. Целиот тим и тренерите ми беа поддршка за да стигнам до тука. Не очекував да стигнам до ова ниво и затоа сум многу среќна.

Во периодот од 13-18-ти јануари ќе се одигра третото издание на турнирот во организација на ракометниот клуб Вардар. Стефанија очекува нејзината екипа да се прикаже во добро издание и да постигне добри резултати.

15555860_347496752293595_108588983_n

-Во вториот дел од сезоната очекуваме подобри резултати бидејќи трениравме напорно и спремни сме да достигнеме втори на табелата. На турнирот “Вардар, еден живот, една љубов кој ќе се одигра во јануари позитивни сме дека ќе победиме. Имаме добри подготовки, воедно сме возбудени за ново искуство, изјави Стефанија Ѓорѓиевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски