Во рамките на Јуниор лигата. денес на кале беа одиграни два натпревари кај генерација родени 2004/05 година и тоа по еден во машка и женска конкуренција.
Во машкиот дел се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Опш. Кисела Вода. Победа нова за избраниците на Дарко Јанев кои продолжуваат со добрите игри во оваа лига. Стартот на натпреварот навестуваше дека РК Илинден ќе стигне до победа, откако поведе со 5:0. Сепак до крајот на првото полувреме, РК Шампион успева да заигра подобро и да ја намали неагтивата на 9:6.
На стартот на вториот дел Илинден стигнува до највисоки 12:6, што на крајот се покажа како решавачки период за победата. Се обиде РК Шампион да се доближи до резултатот, во еден момент намали на 14:10. Сепак во следните два напади, избраниците на Јанев постигнаа два нови гола и зголемија на 16:10. Немаше повеќе време за некаква неизвесност и мечот завршува со триумф на РК Илинден од 18:11. Андреј Петрушевски го предводеше РК Илинден со 7 голови, додека кај РК Шампион, Христијан Петковски и Матеј Милоски постигнаа по 3.
Во женскиот дел кај истава генерација убедлива победа славеше екипата на РК Ново Лисиче-Вардар, против екипата на РК Опш.Кисела Вода-Вардар 2. Во текот на целиот меч Ново Лисиче имаше водство, кое ниту во еден момент не беше загрозено. Во првата половина од првиот дел веќе имаа предност од 5:1, која ја задржаа и по истекот на првите 15 минут, кога резултатот на семафарот гласеше 9:3.
На стартот на вториот дел избраничките на Марија Аврамовска прават серија од 4:0 за вече двоцифрена предност од 13:3. До крајот на натпреварот, Ново Лисиче само го зголемуваше водството, за на крај да слават со убедливи 19:6.
Бојана Коцева со 5 и Марта Стојановска со 4 погодоци беа најефикасни кај Ново Лисиче, додека кај поразениот тим Сара Трпевска беше стрелец на 4 погодоци.