Во спорската сала Кале во рамките на 6.коло од Јуниор лигата, се одигра еден дуел во генерација 2004/05 кај момците. Во тој машкиот дел се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Опш. Кисела Вода. Триумф забележаа избраниците на Дарко и Александар Јанев кои продолжуваат со добрите игри во оваа лига. Стартот на натпреварот навестуваше дека РК Илинден ќе стигне до победа, откако поведе со 5:0. РК Илинден Вардар однесе победа на крајот со високи18:11. Андреј Петрушевски го предводеше РК Илинден со 7 голови.
