Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Херем е “златната“ Вардарка, Лакрабер и Лејно со бронза се враќаат во Скопје, Вардар со три медали од ова ЕП
Херем е “златната“ Вардарка, Лакрабер и Лејно со бронза се враќаат во Скопје, Вардар со три медали од ова ЕП

Херем е “златната“ Вардарка, Лакрабер и Лејно со бронза се враќаат во Скопје, Вардар со три медали од ова ЕП

Три ракометарки на Вардар се закитија со медали од штотуку завршеното европско првенство во Шведска. Камила Херем е славеничката која успеа со Норвешка да го освои првото место, откако во финалето беа подобри од Холандија (30:29). Херем беше една од подобрите на теренот, завршувајќи го натпреварот со 4 постигнати голови. Пред одигрување на големото финале за Херем стигна уште едно големо признание од ЕХФ, според кое беше прогласена за најдобро лево крило и дел од ол-стар тимот на ЕП.

vardarfans-lakraber-i-lejno

Уште две Вардарки во Скопје ќе се вратат со медали од ова европско првенство. Тоа се Лакрабер и Лејно кои со Франција стигнаа до третото место и бронзениот медал. Тие денес во малото финале ја совладаа Данска (22:25) и се закитија со бронзата. Лакрабер постигна три гола сите во второто полувреме, додека Лејно го заврши мечот со 10 одбрани. Покрај тоа нашата голманка беше прогласена за најдобар играч на овој натпревар.

Ова е големо признание и за ракометниот клуб Вардар, екипа во која три ракометарки освоија медали на завршеното ЕП во Шведска.