Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардарецот Влаќевски дел од силен меѓународен турнир во Србија
КУГЛАЊЕ! Вардарецот Влаќевски дел од силен меѓународен турнир во Србија

КУГЛАЊЕ! Вардарецот Влаќевски дел од силен меѓународен турнир во Србија

Во соседна Србија се одигрува силен меѓународен кугларски турнир во Бачка Топола. Турнирот се огранизира во “Фанк Арената“ која фунционира во Бачка Топола, именуван е  како Војводински Гран при-2016.  Според пропозициите веќе се играат квалификациите кои завршуваат утре. Tурнирот е признаен од светската кугларска федерација (WNBA/NBC) и се бодува како официјален за светската ранг листа, ова е турнир од т.н А-класа.

12

Нашиот кугларски црвено-црн колектив ќе има свој преставник на овој турнир, станува збор за еден од најдобрите македонски куглари, членот на ударното вардарово дуо и финалист од вчера во Државното поединечно првенство, Бојан Влаќевски. Тој е во одлична форма вчера заедно со неговиот партнер од ударното дуо Димитар Димитровски се пласираа во финалето на поединечното првенство. Извештај од полуфиналето може да погледнете на нашиот сајт-тука, а фотографии од нивната доминација и влезот во финалето може да погледнете-овде.  Тој вечерва на полноќ заминува за Србија каде утре ќе учествува на квалификациите, очекуваме дека ќе настапи и на финалниот ден во сабота кога ќе се знае освојувачот на трофејот на овој силен турнир. Во досегашните квалификации лидер на листата е познатиот Заварко Вилмош со 675 “соборени дрва“. Се надеваме дека Бојан повторно ќе блесне како што сме навикнати да го гледаме. Во финалето во сабота од 11-00 часот играат 20 куглари кои се квалификувале и 4 поканети од организаторот. Потоа во 16-45 часот ќе има Супер финале во кое ќе играат шестте науспешни од финалниот дел, истото ќе го судат интернационални судии од светската федерација.