Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров петти најдобар стрелец во СЕХА-лигата, уште девет ракометари на Вардар во ТОП-50 листа на најефикасни играчи
Дибиров петти најдобар стрелец во СЕХА-лигата, уште девет ракометари на Вардар во ТОП-50 листа на најефикасни играчи

Дибиров петти најдобар стрелец во СЕХА-лигата, уште девет ракометари на Вардар во ТОП-50 листа на најефикасни играчи

Во наредниве нешто повеќе од месец дена претстои пауза во регионалната СЕХА-лига, пред одигрување на последните неколку кола од регуларниот дел во ова натпреварување. Црвено-црните со победа во последниот натпревар за оваа година против екипата на Брест Мешков и теоретски обезбедија учество на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Таму за сигурно ќе биде и актуелниот шампион, екипата на Веспрем, додека за останатите две места ќе се борат ППД Загреб, Брест Мешков и Целје Пивоварна Лашко.

Што се однесува до листата на најдобри стрелци неа ја предводи Блаж Јанц од екипата на Целје, кој на 15 натпревари на кои настапи за својот тим постигна 102 голови. Од Вардаровите играчи на оваа листа највисоко котира Тимур Дибиров кој на 12 мечеви на кои беше во составот успеа да постигне 70 погодоци. Уште неколку наши ракометари се наоѓаат во ТОП-50 листа на најдобрите стрелци во СЕХА-лигата. На 11-сето место се наоѓа Лука Циндриќ со 52 погодоци од 15 одиграни натпревари.

Како котираат сите наши играчи во ТОП-50 листат на најефикасни играчи во СЕХА-лигата.

1. Тимур Дибиров  70 – голови  (12)-одиграни натпревари

11. Лука Циндриќ   52  (15)

13. Алекс Душебаев  46  (14)

17. Игор Карачиќ  44    (13)

28. Хорхе Македа  37   (13)

29. Вуко Борозан   36   (14)

32. Данил Шишкарев  35  (14)

33. Рожерио Фереира  35  (15)

44. Александер Деревен   31  (15)

48. Мијајло Марсениќ  30   (14)