Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Најмладата Вардарова генерација “2008“ на ФК Вардар во детската лига се есенски шампиони
Најмладата Вардарова генерација “2008“ на ФК Вардар во детската лига се есенски шампиони

Најмладата Вардарова генерација “2008“ на ФК Вардар во детската лига се есенски шампиони

Најмладата Вардарова генерација во детската лига, дечиња родени “2008“ година имаа успешна полусезона во нивната дебитанска сезона. Тие успеаа да станат есенски шампиони без ниту еден пораз. На 11 одиграни натпревари избраниците на Павел Неделковски имаат забележано десет победи, само еден нерешен резултат и ниту еден неуспех во овој дел од натпреварувачката сезона. Нападот беше доста ефикасен, нашите млади надежи успеаа да постигнат дури 80 голови, додека во својата мрежа примија само 8 погодоци.

vardarfans-gener-2008

Поради малиот број на пријавени екипи во оваа генерација, Вардарци со четири противници одиграа по два натпревари во есенскиот дел од сезоната. Освен на мечевите со Форца, кој беше единствениот тим кој извади нерешен резултат во дуелот со црвено-црните во едниот натпревар и нашата минимална победа на другиот, на сите останати натпревари бевме доминантни и со убедлив резултат ги добивавме противниците.

vardarfans-tekst

Состав: Лука Грчевски, Ненад Дамјановски, Стефан Бранковски. Јохан Зизајковски, Павел Андов, Арти Азизи, Стефан Бранковски, Коста Бошковски, Илија Митаноски, Стефан Марковски, Огнен Бојковски, Матеј Киш, Горазд Филипоски.

Ова се постигнатите резултати на Вардаровата генерација “2008“ во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Њу Старс  5:1

2 коло: Вардар- Албарса  12:0

3 коло: Вардар – Форца  4:3

4 коло: Вардар – Шкендија А.  5:0

5 коло: Вардар – Смилковци  10:0

2008b

6 коло: Вардар – Спорт Ефе  5:0

7 коло: Вардар – Скупи  8:1

8 коло: Вардар – Њу Старс  7:1

9 коло: Вардар – Албарса  19:0

10 коло: Вардар – Форца  2:2

11 коло: Вардар – Шкендија А.  3:0  ( службено).

Убедливо најдобар стрелец на оваа генерација е Ненад Дамјановски, кој ја заврши првата полусезона со 26 постигнати голови. Второто место е за Илија Митаноски со 12, додека треттото место го држи Јохан Зизајковски кој постигнаа  9 голови.

Вака изгледа листата на стрелци кај оваа генерација:

1. Ненад Дамјановски 26

2. Илија Митаноски 12

3. Јохан Зизајковски 9

4. Стефан Бранковски  8

5. Павел Андов  6

5. Арти  Азизи 5

6. Коста Бошковски  3

7. Стефан Марковски 3

8. Огнен Бојковски 2

9. Матеј Киш и голманот Лука Грчевски по 1 гол.

20081-660x330