Во соседна Србија се одигрува силен меѓународен кугларски турнир во Бачка Топола. Турнирот се огранизира во “Фанк Арената“ која фунционира во Бачка Топола, именуван е како Војводински Гран при-2016. Според пропозициите веќе се играат квалификациите кои завршуваат утре. Tурнирот е признаен од светската кугларска федерација (WNBA/NBC) и се бодува како официјален за светската ранг листа, ова е турнир од т.н А-класа.
Нашиот кугларски црвено-црн колектив ќе има свој преставник на овој турнир, станува збор за еден од најдобрите македонски куглари, членот на ударното вардарово дуо и финалист од вчера во Државното поединечно првенство, Бојан Влаќевски. Тој е во одлична форма вчера заедно со неговиот партнер од ударното дуо Димитар Димитровски се пласираа во финалето на поединечното првенство. Извештај од полуфиналето може да погледнете на нашиот сајт-тука, а фотографии од нивната доминација и влезот во финалето може да погледнете-овде. Тој вечерва на полноќ заминува за Србија каде утре ќе учествува на квалификациите, очекуваме дека ќе настапи и на финалниот ден во сабота кога ќе се знае освојувачот на трофејот на овој силен турнир. Во досегашните квалификации лидер на листата е познатиот Заварко Вилмош со 675 “соборени дрва“. Се надеваме дека Бојан повторно ќе блесне како што сме навикнати да го гледаме. Во финалето во сабота од 11-00 часот играат 20 куглари кои се квалификувале и 4 поканети од организаторот. Потоа во 16-45 часот ќе има Супер финале во кое ќе играат шестте науспешни од финалниот дел, истото ќе го судат интернационални судии од светската федерација.