Двајца играчи на фудбалскиот клуб Вардар добија награди за најдобри спортисти во сениорска конкуренција за 2016 година. Се работи за капитенот Бобан Грнчаров и неговиот соиграч, Дарко Велковски. Освоената титула во првенството за минатата натпреварувачка сезона, настапот во квалификациите за лигата на шампиони беше доволен податок Вардаровите играчи да се најдат во наградените од страна на градот Скопје.
Дарко Велковски со младинската репрезентација направија историски успех, пласирајќи се на европското првенство во Полска, додека Грнчаров е сигурно најдобар на својата позиција во Македонскиот фудбал.