Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Три младински екипи на РК Вардар дел од турнирот “Трофеј Белград“, познати групите и противниците за нашите екипи
Три младински екипи на РК Вардар дел од турнирот “Трофеј Белград“, познати групите и противниците за нашите екипи

Три младински екипи на РК Вардар дел од турнирот “Трофеј Белград“, познати групите и противниците за нашите екипи

Во периодот од 27-29-ти декември три младински екипи на ракометниот клуб Вардар ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“. Пионерките под водство на Ристова и Пецевска, кадетките на Платон и Кузмановска, како и ракометарите родени 1999/2000 година на Петковски и Чивлачки ќе го претставуваат Вардар на овој турнир.

Веќе се познати групите и противниците на нашите екипи на “Трофеј Белград“. Во машкиот дел кај генерација родени 1999/2000 година ќе се натпреваруваат десет екипи поделени во две групи. Вардарци се наоѓаат во групата А, заедно со екипите на Пожаревац, СК Вождовац 2012, ОРК Земун и Раковица. Тука натреварите ќе се играат во две полуремиња, по 20 минути, додека одморот помеѓу двата дела ќе трае 3 минути.

Кадетките на РК Вардар, ракометарки родени 1999/2000 година ќе бидат во групата Б и ќе играат против екипите на Авала, Јуниор и Рудар. Вкупно осум екипи, поделени во две групи ќе се натпреваруваат во оваа конкуренција. И тука мечевите се во времетрање од две полувремиња по 20 минути.

Осум екипи поделени во две групи, ќе се натпреваруваат и во генерација на играчи родени 2002/03. Пионерките на Вардар ќе бидат дел од групата А, каде се уште и екипите на Јуниор, Космај и Сингидунум. Натпреварите ќе се играат во две полувремиња од 20 минути.

На претходното издание на овој турнир, прво место тогаш освоија младинците на РК Вардар под водство на тренерот Зоран Петковски.