Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Две неверојатни одбрани на Арпад Штербик се најдоа во ТОП-30 најубави одбрани во ЛШ за 2016 година
Две неверојатни одбрани на Арпад Штербик се најдоа во ТОП-30 најубави одбрани во ЛШ за 2016 година

Две неверојатни одбрани на Арпад Штербик се најдоа во ТОП-30 најубави одбрани во ЛШ за 2016 година

Вардаровиот голман, Арпад Штербик продожува со признанијата од страна на ЕХФ. Чуварот на мрежата на црвено-црните со две свои одбрани се најде во изборот на ТОП-30 најубави одбрани за годината која полека изминува.

Првата интервенција со која доби место во овој избор е одбранетиот уар од седум метри на мечот против Килеце кој се одигра во Јане Сандански, на кој црвено-црните славеа со резултат 40:34. Втората е на реванш натпреварот од осминафиналето, минатата сезона против екипата на Висла Плоцк. Тогаш Штербик му одбрани лист зицер удар на српското крило, Никчевиќ.