Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Драгана Петковска: Како за нова екипа одигравме одлично, заминувам за САД со верба дека девојките напролет ќе бидат шампиони
Кошарка! Драгана Петковска: Како за нова екипа одигравме одлично, заминувам за САД со верба дека девојките напролет ќе бидат шампиони

Кошарка! Драгана Петковска: Како за нова екипа одигравме одлично, заминувам за САД со верба дека девојките напролет ќе бидат шампиони

Богата е лепезата на клубови во С.Д Вардар, еден од нив кошаркарскиот клуб Вардар. Тој по повод 70.годишнината која следната година се навршува од основањето на Спортското друштво “Вардар“ го “активира“ повторно женскиот клуб. Во текот на летото се создаде повторно екипа ЖКК Вардар. Тим сосетавен претежно од млади девојки со неколку искусни кошаркарки. За кратко се покажа дека идејата беше одлична. Тимот тргна во лигата со пораз во првото коло, но потоа блесна, и шест меча по ред однесе победи. Во првото коло игравме со шампионот на земјата Бадел 1862 во малата сала “Кале“ очекувано бевме поразени од тим кој е шампион и игра во регионалното натпреварување. Потоа следеа успеси и само успеси за црвено-црните. Еден од играчите кој е препознатлив во овој тим е кошаркарската убавица Драгана Петковска, со неа разговараме за нејзините кошаркарски почетови и богатата кариера на овој млад, но искусен играч во Вардар. Таа е вистински “бисер“ на женскиот клуб, тоа е девојката која беше најдобра македонска млада кошаркарка во 2014 година, таа засебе вели:

dragana

Својата кошаркарска кариера ја започнав на 13 години во ЖКК Крива Паланка. Други екипи за кои што сум играла во кариерата ми  се: ЖКК Кросиг, ЖКК Работнички, ЖКК Младинец, ЖКК Студент и последнава година во ЖКК Вардар.  Од тимски награди зад своето име имам една бронза (со ЖКК Крива Паланка), четири злата (една со ЖКК Вардар, две со ЖКК Кросиг, една со ЖКК Работнички), два пати освоен куп (со ЖКК Кросиг). Индивидуални награди: две “MVP“-награди (еден во лига, еден за куп), два пати “Најдобар стрелец” и “Најдобра македонска млада кошаркарка за 2014″.  Јас на само 16 години бев дел од македонската сениорска репрезентација.

dragana-3

Како е задоволна од мисијата “ЖКК Вардар повторно на спортските борилишта“, и како искусен кошаркарски “воин“ го оценува стартот на тимот кој се собра ова лето и тргна од успех во успех, таа вели:

Стручниот штаб на Вардар имаат многу добра замисла за оваа екипа и ги собраа играчите што мислат дека таа замисла може да ја направат реалност. Како ново формирана екипа мислам дека имаме одличен резултат. По седумте одиграни кола, шест победи и еден пораз, завршивме втори на табелата, што е крајно позитивен скор. Изгубивме од екипата на Бадел и се надевам дека девојчињата овој пораз во четиринаесетото коло ќе го изедначат на еден-еден.

Драгана во дресот на Македонија!

Драгана во дресот на Македонија!

Зборуваме со Драгана за тоа колку е задоволна од своите настапи во овие седум кола во тимот. Таа за време на зимската пауза заминува во земјата во која женската кошарка е врвен спорт, Соединиетите американски држави. Ни го соопштува и своето мислење за тоа што може да очекуваме од девојките кои напролет ќе продолжат да се натпреваруваат.

Не сум задоволна од мојата игра на почетните мечеви. Премногу бев фокусирана на моето заминување во Америка и мислам дека тоа ми влијаеше на играта и моите перформанси на теренот. Потоа се дојде на свое место. Навистина жалам што морам да ги напуштам девојчињата и да ги оставам сами да го играат втoриот дел од сезоната. Но, верувам во нив, верувам дека можат и дека ќе успеат на крајот да завршат како шампиони на земјава.

Михајло Тушевски