Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Андреј Јорданов: “Јуниор лигата“ може да ми овозможи еден ден да играм за РК Вардар и за репрезентацијата на Македонија
Андреј Јорданов: “Јуниор лигата“ може да ми овозможи еден ден да играм за РК Вардар и за репрезентацијата на Македонија

Андреј Јорданов: “Јуниор лигата“ може да ми овозможи еден ден да играм за РК Вардар и за репрезентацијата на Македонија

Повеќе од 22 регионални ракометни школи се дел од “Јуниор“ лигата, проект на ракометниот клуб Вардар во новата натпреварувачка сезона. Сите кои имаат желба да се занимаваат и играат ракомет тоа можат да го сторат преку усписи во една од регионачните школи кои се дел од лигата, а со самото тоа им се пружува шанса континуирано да играат натпревари. Голем број на деца кои беа дел од натпреварувањето беа препознаени како квалитетни и регрутирани во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Јуниор лигата даде поинакво значење на ракометот во Македонија. Целта е секоја година да се зголемува бројот на учесници и да се обединат сите ракометни школи од земјава. Привилегија да биде дел од овој проект е ракометната школа, Шампион-Вардар, за која настапува Андреј Јорданов.

-Отсекогаш сум имал спортски дух, сум играл кошарка, фудбал, но ракометот најмногу ме привлече. Ракомет почнав да тренирам кога наполнив единаесет години. Нашите тренинзи се одвиваат во салата на училиштето Лазо Трповски, имаме тренинзи три пати во една недела. Според мене нашите тренери се незаменливи, тие не научија и во најтешките моменти и натпревари да не се предаваме и да дадеме се од нас. Со тренерите Димитар Бадев и Слободан Чивлачки секој викенд имаме тренинзи на отворено.

Не стивнуваат позитивницте впечатоци од “Јуниор“ лигата, која нуди големи можноти за сите кои го сакаат ракометот.

-Проектот на РК Вардар, “Јуниор лига“ ми се допаѓа бидејќи децата од мојата генерација можат да се истакнат и да го покажат својот талент, а меѓувремено тимски се забавуваат, победуваат и се во рамките на клубот .

2117-660x330

Заврши есенскиот дел од ова натпреварување, а генерацијата на РК Шампион, момчиња родени 2002/03 имаат одличен учинок.

-По шест одиграни кола ние како екипа сме на втората позиција со еден пораз и пет победи. Јас постигнав 46 голови и сум задоволен од играта,  но секогаш може да биде подобро.

Желбата на Андреј еден ден да игра за РК Вардар и за Македонската репрезентација е достижна само преку “Јуниор“ лигата.

-Според мене највпечатливо во лигата е тоа што се дружиме со деца од цела Македонија и сме иста генерација. Мојата цел е еден ден да играм за екипата на РК Вардар и за репрезентацијата на Македонија и јас мислам дека “Јуниор лигата“ тоа може да ми го овозможи.

Звонко Ивановски