Од 27-29 декември три екипи на ракометниот клуб Вардар беа дел од силен меѓународен турнир кој се играше во главниот град во Србија. На крајот две наши екипи завршија на третото место, додека една беше четвртопласирана.
Машката екипа родени 1999/2000 беше предводена од тренерскиот тандем, Чивлачки-Петковски и го освои третото место. Тие во малото финале беа подобри од екипата на ОРК Земун. Ви пренесуваме фотографии од долеувањето на медали за нашата екипа.
Пионерките на РК Вардар беа втората екипа која на крајот се закити со бронзениот медал. Иако има за што да жалат бидејќи имаа голема шанса и да играат во големото финале. Сепак и ова е голем успех за оваа млада генерација која почна да се создава пред две години, под водство на тренерскиот двоец, Ристова-Пецевска. Во борбата за третото место, Вардарки ја преслушаа силната екипа на Будуќност.
Фотографии од доделувањето на награди за нашите млади надежи.
Уште една наша екипа беше дел од овој турнир, тоа беа кадетките на РК Вардар, кои на крајот завршија на четвртото место
Фотографиите се превземени од ракометен сојуз на Белград.