Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Членот на РК Вардар Јуниор, Ристо Вујачиќ повикан за селекцијата на Црна Гора
Членот на РК Вардар Јуниор, Ристо Вујачиќ повикан за селекцијата на Црна Гора

Членот на РК Вардар Јуниор, Ристо Вујачиќ повикан за селекцијата на Црна Гора

Црна Гора ќе ја загрева репрезентацијата на Хрватска за претстојното светско првенство, кое во периодот од 11-23-ти јануари ќе се игра во Франција. Новиот преводник на Црна Гора, Драган Џукиќ го објави списокот на ракометари, на кои ќе може да смета за турнирот во Хрватска, каде покрај “коцкестите“ ќе учествува и селекцијата на Тунис. Турниот под името “Hep Croatia Kup“ ќе се игра во периодот од 7-9-ти јануари и ќе претставува последен тест за Хрватска, пред стартот на мундијалот во Франција.

Најдобриот играч на Вардар Јуниор, Ристо Вујачиќ ќе биде дел за селекцијата на Црна Гора, токму на овој турнир. Добрите настапи во црвено-црниот дрес не останаа незабележани од новиот селектор, кој се реши да му пружи шанса да игра за националната репрезентација. Десниот бек на Вардар е најдобар стрелец во Јуниор и воедно шестти најефикасен играч во најсилната супер лига.  Ова ќе биде добра прилика за Вујачиќ да ги покаже своите квалитети и да се наметне во репрезентацијата на Црна Гора, која инаку нема да има можност да игра на СП.