Пред нецели две години започнува да игра фудбал и открива дека дека поседува потенцијал за овој спорт. Азер Омерагиќ е голема реткост на фудбалските простори, кој на 13 години започнува да тренира и да се занимава со фудбал. Момче со брз напредок, кој за нецела година и пол достигнува невиден раст и добива можнсот да игра во ФК Вардар. Започнува во фудбалската школа Форца, каде тренира нешто помалку од една година, за да биде препознаен како играч во кој има квалитет и потенцијал, со можност се повеќе да напредува. За само неколку месеци поминати во Вардар, Азер е втор стрелец на екипата со 10 постигнати голови. Неговата позиција е класичен напаѓач. Во следново интервју ќе ве запознаеме токму со Азер Омерагиќ, членот на Вардаровата генерација родени “2002“ година.
1. Како се случи да започнете да играте фудбал и дали овој спорт беше ваша прва желба ?
-Со топката сум од мали нозе. Цели 9 години се занимавав со тенис, за да подоцна моите афинитети целосно да ги усмерам кон фудбалот.
2. Со оглед дека имате 14 години, многу доцна сте започнале да играте фудбал, зошто тоа не се случило порано ?
-Како што објаснив и претходно. Но мислам дека не пропуштив многу со оглед на фактот дека и татко ми кој е поранешен фудбалер започнал да тренира на своите 15 години.
3. Ја играте својата прва сезона во црвено-црниот дрес. Како се случи да преминете од Форца во Вардар, кој се беше најзаслужен за вашето доаѓање во најголемиот клуб во Македонија ?
-Во септември 2015 година започнав да тренирам во Ф.К. ФОРЦА кај тренерите Џипунов, Гоце Петровски и Лучич.Многу добро бев прифатен и добро се вклопив. По само 10 месеци тренирање со нив, тренерот Џипунов кој беше задоволен од мојот напредок ми предложи да одам на проба во ФК Вардар , што и го прифатив со задоволство. Мојот сегашен тренер, Петар Ѓорѓиевски беше задоволен од моите тренинзи во Вардар и од тогаш сум дел од екипата на ФК Вардар генерација 2002 година.
4. Со генерацијата на Вардар станавте есенски вицешампиони и се пласиравте во полуфиналето на купот. Како ја видовте изминатата полусезона ?
-Во конкуренција се доста јаки екипи , но ние со висок квалитет на нашата игра успеавме да стигнеме до високото второ место на табелата. Имавме само еден пораз и тоа оној кој го загубивме службен резултат од екипата на Работнички.
5. Со оглед дека сте само само неколку месеци во Вардар веќе сте втор најдобар стрелец во екипата. Колку сте задоволен од вашата игра и од придонесот за својот тим ?
-Уште од првиот ден на моето доаѓање во редовите на екипата, на чело со тренерот Петар Ѓеоргиевски бев одлично прифатен. Се вклопив лесно и полека ги докажував своите фудбалски квалитети на теренот. Според тоа дека сум во Вардар само 4 месеци и одиграв една полусезона во првите редови на екипата , нормално е дека сум задоволен од постигнатите резултати, но сметам дека секогаш може подобро.
6. Како го опишувате Вардар со една реченица ?
-Вардар е најголемиот клуб со долга традиција во кој играле големи фудбалски имиња.
7. Кои се очекувањата за пролетниот дел од натпреварувачката сезона. Дали сметаш дека Вардар може до двојната круна ?
-Со оглед на нашата игра и квалитетот што го покажуваме на терен јас сум сигурен во освојувањето на двојната круна.
8. Имате можност да работите со Петар Ѓорѓиевски, кој има заслуга за вашето доаѓање во Вардар. Каков тренер и личност е Пепи ?
-Среќен е оној фудбалер кој има можност да учи од такви поранешни одлични фудбалери каков што е Петар Ѓеоргиевски, кој инсистира на дисциплина и напорна работа.
9. Дали еден ден се гледате во првиот тим на Вардар и Македонската репрезентација ?
-Сега за сега мое е да тренирам сериозно, а времето ке го направи своето. Нормално , како и секој спортист би сакал да се видам во првиот тим на Вардар, а зашто не и во репрезентацијата. Се надевам еден ден и тоа ќе се случи.
Звонко Ивановски