Популарниот Момо како што го нарекуваа сите во клубот, е роден на 19 јануари во 1960 година. За тимот на Вардар започнува да брани во сезоната 1982/1983 наследувајќи го меѓу стативите докажаниот Благој Георгиев.
Се до завршувањето на неговата кариера како професионален голман, Грошев ја има чувано вардаровата мрежа на повеќе од 170 натпревари од кои шест се на меѓународната сцена во европските фудбалски купови.
Потоа работеше и како тренер на голманите во клубот освојувајќи еден трофеј во Купот на Македонија како член на стручниот штаб во сезоната 1998/1999.
Неговиот живот згасна прерано на 24 февруари 2010 година кога по кратко боледување Грошев почина на 50-годишна возраст оставајќи ги зад себе спомените за неговите бравурозни интервенции. – Извадок од книгите за ФК Вардар.