Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Како голман на Вардар, Зекир во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули и три куп титули

Историја: Како голман на Вардар, Зекир во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули и три куп титули

Муарем Зекир – На 26 август 1973 година во Скопје е роден Муарем Зекир, еден од најдобрите чувари на вардаровата мрежа во годините по осамостојувањето на Република Македонија.Како голман на Вардар, Зекир во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули во државното првенство (1992/1993, 1993/1994, 1994/1995, 2001/2002 и 2002/2003), како и три трофеи во националниот куп (1992/1993, 1994/1995 и 1998/1999).zeko3Некогашниот миленик помеѓу стативите на „црвено-црните“ симпатизери, исто така го чуваше вардаровиот гол на пет натпревари од незаборавната евро-одисеја во сезоната 2002/2003 кога најтрофениот македонски фудбалски клуб беше на чекор до пласман во групната фаза од Лигата на европските Шампиони. Популарниот Зеко покрај другите настапи беше на голот на легендарниот двомеч со ЦСКА-Москава. Тој 13 години беше дел од нашиот љубимец и настапи на близу 300 првенствени, куп, пријателски и европски мечеви. Покрај тоа, додека беше дел од Вардар добиваше покани и за А-селекцијата на Македонија каде забележа 14 настапи на квалификациски и пријателски.

Зекир моментално живее во Баку-Азербеџан каде е кординатор на сите голмански тренери во фудбалскиот клуб “Баку“

Зекир моментално живее во Баку-Азербеџан каде е кординатор на сите голмански тренери во фудбалскиот клуб “Баку“

Изминатово лето “Вардар Фанс” имаше можност да поразговарa со Зекир во врска со нашиот тим.