Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ повторно блесна во победата на Хрватска, победи и за другите Вардарови играчи на вчерашниот ден на СП

Циндриќ повторно блесна во победата на Хрватска, победи и за другите Вардарови играчи на вчерашниот ден на СП

Во текот на вчерашниот ден се одиграа нови натпревари на светското ракометно првенство во Франција. Одличен натпревар одигра Лука Циндриќ кој беше најефикасен во победата на Хрватска. Победи забележаа и Русија и Шпанија, каде настапуваат ракометари на Вардар.

Хрватска ја забележа и третата победа на СП во Франција, откако беа подобри од селекцијата на Белорусија. Избраниците на Жељко Бабиќ одлично го започнаа натпреварот и на стартот поведоа со 5:2. Ова разлика се одржуваше до последните десет минути од првото полувреме, кога Хрватска со нова серија од три последователни погодоци зголеми на 16:12. До истекот на првите 30 минути го зачуваа водството и на одмор се замина со резултат 18:15. За разлика од првото, стартот на второто полувреме беш лош за Хрватска кој дозволи противникот да се доближи на само еден гол негатива (19:18). Се до 50 минута гледавме неизвесен натпревар и сеуште победникот не беше решен. Но од тогаш следеше серија на Хрватска од 5:0 за да поведе со највисоки 28:22. Последните шест минути беа рутина и на крајот заслужена победа за Хрватска, изразена со резултат 31:25. Најефикасен во редовите на Хрватска беше играчот на Вардар, Лука Циндриќ постигна осум голови од исто толку обиди и тоа сите во првото полувреме, на кои додаде и 5 асистенции до своите соиграчи. Лука продолжува со добрите игри на мундијалот и важи за еден од најдобрите поединци во составот кој го предводи Бабиќ.

После поразот од Норвешка, селекцијата на Русија се врати на победите совладувајќи ја Полска. Стартот за избраниците на Дмитри Торгованов не беше добар, кои првиот гол успеаа да го постигнат во осмата минута, но за нивна среќа ниту Полска не беше подобра која имаше водство од 0:2. Русија започна полека да игра, постигна три последователни голови и поведе со 3:2. Како течеше првото полувреме, Русија играше се подобро и полека но сигурно ја градеше предноста. Еден од најзаслужните за предноста од четири голови разлика по првото полувреме беше голманот Богданов кој имаше девет одбрани во овој дел од мечот. На стартот на второто полувреме, Русија прва постигна гол и зголеми на 15:10. До крајот на натпреварот го одржуваа ова водство, за конечен триумф од 24:20. Данил Шишкарев и Тимур Дибиров постигнаа по 2 голови.

spanija-dujsebaev-1

Очекувана победа за Шпанија која ја оправда фаворитската улога на дуелот со Ангола. По само десет минути игра беше најавена победата, кога “фуријата“ имаше убедливи 11:2.До крајот на првиот дел само го зголемија водството и на полувреме се замина со резултат 21:10. Доминација на Шпанија и во второто полувреме, каде постигна идентичен број на погодоци како во првото, за на крај да стигне до победа од 42:22. Шпанија по три одиграни натпревари има максимален број на освоени бодови. Алекс Душебаев постигна четири голови во победата, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Жоан Кањелас.