Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лора Велевска: Оваа награда како и минатогодишното признание за најдобар лев бек за мене претставува мотивација за постигнување на уште подобри резултати

Лора Велевска: Оваа награда како и минатогодишното признание за најдобар лев бек за мене претставува мотивација за постигнување на уште подобри резултати

Изминатиов викенд стартуваше третото издание на ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“. Се играа натпревари кај генерациии родени 2000/01 и 20002/03 по што беа познати победниците во овие возрасни генерации во машка и женска конкуренција. Во женскиот дел кај генерација 2002/03 првото место го освои екипата на РК Шампион која во големото финале беше подобра од екипата РК Делчево. Гледавме неизвесно финале со мал број на погодоци и на крајот минимална победа на Шампион од 11:9. Третото место во оваа генерација им припадна на РК Урдаревски која го победи РК Будимир. Како помина турнирот за екипата на РК Делчево можете да прочитате од изјавата на Лора Велевска.

-Зимскиот турнир како и “Јуниор лигата“ е одлична можност секоја година ние младите ракометари да ги покажеме своите квалитети, да се дружиме, да се натпреваруваме ,а воедно и да почувствуваме како е да се игра на терените на кои настапуваат нашите идоли.

Со четири победи и еден пораз, избраничките на Горан Велков го завршија турнирот.

-Очекувањата на нашата екипа како и на тренерот беа навистина високи со оглед на тоа што напорно се подготвувавме за турнирот и нормално очекувавме одличен пласман. Првиот ден од турнирот извојувавме победа над екипите на Кисела Вода и Кастратовиќ, а победите продолжија и вториот ден кога успеавме да ја совладаме екипата на Ѓорче Петров, а потоа и во полуфиналниот натпревар со Будимир. Очекуваното финале го изигравме во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански. Текот на натпреварот беше постојано изедначен и нијанси го одлучија победникот. Јас како и целата екипа заедно со тренерот сум задоволна од освоеното второ место до кое стигнавме со цврста одбрана фокусирана на центарот и бековите како и соработка со соиграчите во нападот. Организацијата беше навистина на високо ниво, хотелот беше прекрасен а и условите во салите во кои игравме исто така беа одлични.

16113897_1218851938161650_3309222078185912206_n

По одигрување на финалните натпревари беа доделувани наградите за најдобар играч, стрелец и голман на завршниот турнир. Токму наградата за најдобар играч и припадна на Лора Велевска од екипата на РК Делчево.

-Јас искрено се надевав на поединечна награда, бидејки вложив многу труд и имав голема желба за добар пласман на овогодишниот турнир. Кога соопштија дека наградата за најдобар играч во генерација 2002-2003 ми припаѓа мене бев навистина пресреќна. Оваа награда како и минатогодишното признание за најдобар лев бек за мене претставува мотивација за постигнување на уште подобри резултати во наредниот период како и подигнување на самодовербата.

Делчево ќе има ново можност да покаже дека е најдобар во оваа генерација, токму преку Јуниор лигата, каде во наредниов период треба да започне пролетниот дел од ова натпреварување.

-Во “Јуниор лигата“ сме на врвот на табелата и исто како и на турнирот така и овде ќе се потрудиме да освоиме највисокиот можен пласман, а искрено се надевам дека ке бидеме шампиони во нашата генерација.

Звонко Ивановски