Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки се загреваа со Будуќност и Крим, пред главните предизвици во ЛШ

Вардарки се загреваа со Будуќност и Крим, пред главните предизвици во ЛШ

Изминатиов викенд, нашиот женски ракометен шампион беше дел од првиот турнир на новоформираната регионална лига, на кој покрај Вардар учествуваа и екипите на Будуќност, Подравка и Крим. Екипата од Подгорица е освојувач на првиот турнир од регионалната лига, забележувајќи две победи.

Ова беше добра подготовка и загревање за Вардарки за она што ги очекува на крајот од месец јануари, кога ги започнуваат настапите во главната рунда од лигата на шампиони. На овој турнир забележавме една победа и пораз. На првиот натпревар бевме минимално поразени од домашната екипа на Будуќност (30:29), додека на вториот меч бевме убедливи во дуелот против Крим Меркатор (38:29). Со исклучок на Ина Суслина која сеуште тренира под посебен режим, тренерот Давид Дејвис на располагање ги имаше сите ракометарки за споменативе натпревари. Сите добија шанса да играат и да се докажуваат. Крилото Камила Херем беше најефикасна со вкупно 11 голови на двата натпревари, веднаш зад неа беше Сања Дамјановиќ со 9, додека Радичевиќ и Лазовиќ постигнаа по 8 голови. Андреа Пенезиќ беше стрелец на 7 погодоци.

Поради недостаток на домашни настапи, натпреварите во оваа лига ќе бидат добредојдени за Вардарки, кои ќе им служат за подобро да уиграат и подготват пред главните предизвици во лигата на шампиони. Да потсетиме дека на 29-ти јануари гостуваме во Подгорица на екипата на Будуќност во рамките на главната рунда од ЛШ. Првиот домашен меч во новата година го играме на 4-ти февруари против екипата на Метц.