Црнагорскиот интернационалец и повремен репрезентативец Ристо Вујачиќ го смени црвено-црниот дрес со тој на РК Пелистер од Битола. Тој настапува на десната бековска позиција и одлучи да ја смени средината во пролетниот дел тој ќе настапува во зелено-белиот тим предводен од Каменица, на позајмица.
Битолчани поради повредата на Ивица Лазаровски останаа само со едно решение на десната бековска позиција, па тргнаа по вардаровиот играч кој беше еден од лидерите на младиот тим предводен од Стојан Петрушевски. Ристо Вујачиќ беше најдобар стрелец на РК Вардар Јуниор, тим кој е предпоследен во лигата, а беше вкупно шестти во најсилната машка ракометна супер лига. Тој беше дел од црвено-црните две сезони во Скопје, забележуваше повремени настапи и во првиот тим на РК Вардар во регионалната СЕХА лигата. Прв тим му беше ракометниот клуб Морнар -Бар, а од каде премина во Металопластика, а потоа во 2014 дојде во РК Вардар Јуниор. Ристо Вујачиќ до крајот на сезоната ќе биде позајмен во тимот на Пелистер.