Екипата на Вајнгартен (SVG Weingarten) е првопласирана екипа во германската боречка Бундес лига, натпреварување со голем квалитет во овој спорт. Во овој тим има двајца борачи на вардаровиот клуб кој поради немањето на домашно сериозно натпреварување добија шанса и ја искористија во овој клуб само да го потврдат она што се знаеше дека квалитетот е на нивна страна.
Нашите момци, вардаровите борачи Владимир Егоров и Могамедгаџи Нуров ја освоија титулата во Бундес лигата со екипата на СВ Вајнгартен откако во финалето во “локалното дерби“ однесоа триумф со 24-22 против екипата на КСВ Испринген. За нивниот сегашен клуб ова е трета титула на Биндес лигата, тие имаат титули и претходно во 2011 година и во 2012 година. Македонските репрезентативци имаат голем придонес во титулата.
Особено Владимир Егоров, иако во финалето беа поразени. Владимир загуби 11-1 од Иван Гуидеа, а Нуров беше поразен со 7-6 од Ник Матухин. Интересно за крај останува прашањето кое носи недоумица како тоа: Нашите ВАРДАРЦИ се најдобри во германската Бундес лигата, ама недоволно квалитетни за “македонските експерти„???