Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кирил Лазаров најдобар стрелец, Лука Циндриќ на четвртото место, во ТОП-50 место има и за Стојанче Стоилов

Кирил Лазаров најдобар стрелец, Лука Циндриќ на четвртото место, во ТОП-50 место има и за Стојанче Стоилов

Веќе се одиграа три кола на светското ракометно првенство во Франција, а денес ќе се одиграат нови натпревари на мундијалот. Што се однесува до листата на најдобри стрелци до овој период, врвот му припаѓа на капитенот на Македонската репрезентација, Кирил Лазаров. Нашиот “бомбардер“  со 31 погодок убедливо се наоѓа на првото место на оваа листа. Втор е Артсем Каралек кој настапува за Белорусија.

Што се однесува до ракометарите на Вардар кои се дел од своите репрезентации на ова СП, највисоко котира Лука Циндриќ кој има постигнато 18 голови со кои се наоѓа на четвртото место. Лука можеби изненадувачки влезе во ссотавот на Жељко Бабиќ пред неговиот соиграч од Вардар, Игор Карачиќ, но засега се покажува како добар избор во играта на Хрватска. Тој беше и најефикасен во вчерашната победа против Белорусија, каде постигна осум голови од исто толку обиди. Циндриќ покрај голгетерски способности има запишано и 15 успешни асистенции кон своите соиграчи на овие три натпревари. Во ТОП-50 листата на најефикасни играчи се наоѓа уште и капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов кој засега има запишано 12 голови.c2u4dncwiae9owk