Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Силни „тестови “ за Вардар во Анталија

Силни „тестови “ за Вардар во Анталија

Потврдени се сите противници на зимските подготовки во Анталија. Нашиот шампион во Турција ќе одигра пет пријателски натпревари со многу квалитетни противници од Русија, Чешка и Романија.

Првиот противник на Вардар во Анталија ќе биде 26-кратниот шампион на Романија, екипата на Стеауа. Стеауа е добро познат противник на нашиот тим. Овој тим пред неколку години играше двомеч со нашиот тим во квалификациите за Лигата на шампионите и не порази убедливо. Стеауа во романската прва лига се наоѓа на втората позиција на табелата. Овој натпревар предвидено е да биде одигран на 24.01.

Вториот противник на Вардар е тимот на Амкар Перм од Русија. Овој тим на полусезоната во силната руска лига го завзема одличното 6 место на табелата со освоени 27 бодови. Тимот на Амкар Перм се состои од многу интернационалци. Во овој тим настапува поранешниот играч на Работнички, Анене кој досега има постигнато и еден погодок. Овој натпревар ќе биде одигран на 28.01.

Третиот противник на Вардар ќе биде тимот на Дукла Прага од Чешка. Овој тим би требало да биде најлесниот противник за вардарци. Дукла Прага на полусезоната во чешката прва лига го завзема 11 место во конкуренција на 16 екипи. Овој натпревар треба да биде одигран на 02.02.

Следниот противник на Вардар ќе биде тимот на Анжи Махачкала од Русија. Во тимот на Анжи во минатото настапуваа голем број на звучни фудбалски имиња како Ето, Самба и тн. Оваа сезона овој тим се наоѓа на 11 место во првата руска лига. Натпреварот со Анжи е закажан за 05.02.

Последниот противник на вардарци во Анталија ќе биде уште еден руски тим. Станува збор за силниот тим на Терек Грозни. Терек Грозни оваа сезона во руската лига игра одлично. Тимот на зимската пауза замина како четврто пласиран тим што е голем успех. Ростерот на Терек Грозни е навистина силен. Нивни прв стрелец, и втор во лигата е Балај со осум постигнати погодоци. Во овој тим има голем број на интернационалци од Бразил, Романија, Уругвај и тн. Се очекува овој дуел да биде вистински “тест” за Вардар пред стартот на пролетниот дел во нашата лига. Овој натпревар ќе се одигра на 09 февруари.