Вардар утре ќе го одигра првиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Утре “црвено – црните” ќе се сретнат со најтрофениот фудбалски тим во Романија, екипата на Стеауа од Букурешт. Тимот на Стеауа добро го познаваме. Против овој тим во 2013 година одигравме двомеч во квалификациите за Лигата на шампионите.
Романскиот тим новата година во својата лига ја дочека на втората позиција на табелата со освоени 40 бодови од вкупно 21 одигран натпревар. Тимот на Стеауа во моментов заостанува два бода зад првопласираниот тим на Виторул. Во тимот на Стеауа по 21 одигран натпревар најдобар стрелец е Фернандо Болдрин, кој има постигнато шест погодоци. Инаку во овој тим на Стеауа има интернационалци од Бразил, Србија, Франција, Хрватска и тн. Овој тим на подготовките во Анталија одигра и еден пријателски натпревар на кој забележа пораз од 2:0 од тимот на Карабаг.
На утрешниот натпревар Вардар – Стеауа очекуваме деби настап на новите играчи Демири и Џигаури. Овој натпревар сите љубители на Вардар ќе можат да го проследат низ директен видео стрим на официјалната страна на клубот. Натпреварот ќе започне со почеток во 15 часот по македонско време.