Атлетичарот на АК Вардар Петре Завировски одлично трчаше во изминатата година, со многу труд и преданост тој ја подобри формата и постигна скалило повеќе во својата кариера. Тоа не мина незабележано и во официјалните бројки кои беа сумирани за 2016 година. На ранг листата на АФМ-Атлетската федерација на Македонија дури три негови резултати се меѓу најдобрите во Македонија за 2016 година. Од кои два се во топ-5 односно еден во топ-10. Тоа се следниве резултати:
-Неговиот резултат 16:31 на 5.000 метри истрчан на 25.09.2016г во Скопје е трет најдобар!
-Втората негова најдобра трка за оваа сезона истрчана на 3.000 метри во Скопје на 24.09.2016г. со резултат 9:32 е четврта најбрза во оваа дисциплина за 2016г во Македонија.
-Најбрзиот полумаратон на Завировски во кариерата со резултат 1:17:10 истрчан во Подгорица на 30.10.2016г е девети најбрз полумаратон.
Тој видно задоволен од ова признание вели: Овие резултати се мои најдобри во овие дисциплини во мојата кариера. Презадоволен, среќен, горд сум на овие мои резултати. Ви благодарам на сите за поддршката. Новата сезона започнува набргу, очекувам уште повеќе позитивни резултати зад своето име.