Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Против Мец, екипата на ЖРК Вардар ќе атакува на седмата последователна победа во ЛШ
Против Мец, екипата на ЖРК Вардар ќе атакува на седмата последователна победа во ЛШ

Против Мец, екипата на ЖРК Вардар ќе атакува на седмата последователна победа во ЛШ

Вардарки во очекување да ја продолжат серијата на победи во лигата на шампиони. Денес со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански ни гостува екипата на Мец од Франција. Црвено-црните се единствен непоразен тим во најголемото ракометно натпреварување и со серија од шест последователни победи. Денес ќе играме против повеќекратен шампион на Франција, екипа која имаше најдобра одбрана во првата групна фаза. Како второпласирана во групата со четири победи и два порази завршија на второто место во својата група и продолжија во главната рунда од ЛШ. Мец му го нанесе првиот пораз на Будуќност во групата кога на домашен терен славеа со резултат 28:25, додека во Подгорица загубија минимално (21:19). Екипа составена претежно од домашни ракометарки, од кои три беа дел од последното европско првенство кое во месец декември минатата година се играше во Шведска. Тука се уште неколку играчи од други држави.  Најдобар стрелец е интернационалката од Холандија, Лучијано со 23 постигнати голови. Тие пристигнуваат во Скопје после поразот во првото коло од главната рунда, кои го доживеаа на домашен терен од екипата на ФТЦ Будимпешта.

Вардарки пак во добра атмосфера го дочекуваат денешниот меч после големата победа против екипата на Будуќност, која беше прва на теренот на противникот а вкупно трета во серија против шампионот на Црна Гора. Се очекува со истиот состав да се спротивставиме и на Мец и да ја продолжиме победничката серија, триумф со кој ќе бидеме многу блиску до пласман во четвртфиналето. Секако целта е да се освои првото место во оваа новоформирана група 1. Очекуваме полна сала и голема поддршка од публиката за девојките кои се надеваме дека ќе не израдуваат со нова победа во ЛШ.