Оваа година по трет пат се организираше турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, кој е во организација на ракометниот клуб Вардар. На него настапија сите ракометни школи кои се дел од академијата на Вардар, а се натпреваруваа во различни возрасни генерации. Во женскиот дел кај генерација родени 2004/05 година првото место е за екипата на РК Кале Кичево која во големото финале беше подобра од РК Кастратовиќ 1. Бронзениот медал заврши во рацете на РК Ново Лисиче, кои во борба за третото место ја победија екипата на РК Кастратовиќ 2. На крајот се доделуваа награди за најдобар играч, стрелец и голман на завршниот турнир. Наградата за најдобар стрелец во оваа генерација ја доби Бојана Коцева.
-Задоволна сум од постигнатите резултати и од тоа како ги одигравме натпреварите. Иако овој турнир го завршивме на третото место ние дадовме се од себе. Секогаш може подобро, но задоволна сум и со ова што го достигнавме. Пресреќна сум што влеговме во првите четири екипи. Организацијата на турнирот беше одлична и се помина како што треба.
Бојана постигна вкупно 36 голови на целокупниот турнир.
-Од нашиот тим јас освоив за најдобар стрелец на турнирот, пресреќна сум и тоа ке ме мотивира да продолжам со напорно тренирање. Ќе дадеме се од себе, за во “Јуниор“лигата и ке се обидеме да стигнеме до прво место, изјави Бојана Коцева за нашиот сајт.
Звонко Ивановски