Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Анжи Махачкала нов предизвик за Вардар
Анжи Махачкала нов предизвик за Вардар

Анжи Махачкала нов предизвик за Вардар

Нема одмор за ФК Вардар. Нашиот тим го очекува уште еден пријателски натпревар. Утре нашите играчи ќе се сретнат со тимот на Анжи Махачкала од Русија. Тимот на Анжи во моментов го завзема единаесеттото место во првата руска лига во конкуренција на шеснаесет екипи. Овој тим до овој момент во својата лига има запишано пет победи, исто толку нерешени и седум порази.

Во тимот на Анжи во моментов настапуваат осум интернационалци. Тимот на Анжи во овој преоден рок се засили со играчот Фибел, кој настапуваше во дресот на Црвена Sвезда. Aнжи на подготовките во Анталија забележа победа против тимот на Ботев Пловдив (2:1), ремизираше (1:1) со тимот на Пандури и загуби од тимот на Актобе со резултат (1:0).

Утре натпреварот на овие два тима ќе започне во 15 часот и 30 минути по македонско време.