Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС отпатува за Шведска, каде утре со Х65 Хорс ќе се сретне во 1/8-фин. од Купот Челинџ
Вардар СЦЈС отпатува за Шведска, каде утре со Х65 Хорс ќе се сретне во 1/8-фин. од Купот Челинџ

Вардар СЦЈС отпатува за Шведска, каде утре со Х65 Хорс ќе се сретне во 1/8-фин. од Купот Челинџ

Уште во текот на вчерашниот ден младите ракометарките од нашиот втор тим, екипата на Вардар СЦЈС одпатуваат за Шведска. Тие таму утре, во недела го одиграат првиот меч од  осминафиналниот двомеч во Купот Челинџ. Ние гостуваме кај екипата на   Х65 Хорс.

mec

Натпреварот ќе  се игра со почеток во 15-00 часот, од утрешниот предизвик на младите девојки предводени од Симе Симовски ќе може да се следи пренос во живо. Истиот  ќе може да го погледнете на  интернет страницата на шведскиот клуб, www.h65.se .  Домаќинките  се сериозен тим имаат пехар од овој куп во сезоната 2013/2014, тимот има една репрезентативка, левото крило Мари Вал кој  настапи  на последното ЕП во Шведска. Позната е и  целта на нашата млада и надежна екипа, а тоа е  повторување на успехот од лани, кога обезбедивме пласман меѓу топ-осум најдобри екипи во Купот Челинџ. Според однапред познатиот распоред со овој противник во реваншот кој ќе се игра во Спортскиот центар “Јане Сандански“ ќе се сретеме на 12 февруари.