РК Вардар неделава ја оствари првата победа во 2017 година, и тоа во СЕХА Газпром лигата победувајќи го Нексе со 37-29 (17-16). Нашиот тим се наоѓа на една победа пред заверка на првото место на табелата пред почетокот на завршниот Ф-4 турнирот. Денес нашите момци играат во Словенија, тие гостуваат кај Горење.
Мечот со словенски Горење почнува во 20 часот и 30 минути вечерва. Од истиот директен пренос може да се проследи на Македонската радио и телевизија. Државната телевизија дуелот ќе го пренесува на првиот програмски канал со коментар на Видевски.