Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > (ВИДЕО) Македонија го има најубавиот гол на СП, во режија на Лазаров и Манасков
(ВИДЕО) Македонија го има најубавиот гол на СП, во режија на Лазаров и Манасков

(ВИДЕО) Македонија го има најубавиот гол на СП, во режија на Лазаров и Манасков

Франција го освои златниот медал на светското ракометно првенство кое од 11-29-ти јануари се играше токму во оваа земја. Тие во финалето ја победија селекцијата на Норвешка, додека бронзениот медал е за Словенија која во “утешното“ мало финале беше подобра од Хрватска. Откако помина една недела од завршување на мундијалот, ИХФ направи избор на најубави десет гола на СП. Токму Македонија го има најдобриот гол и тоа во режија на капитенот Кирил Лазаров и Дејан Манасков, односно нивниот цепелин на мечот против Шпанија.

Погледнете го видеото со најубави 10 гола, од кои врвот е за Лазаров-Манасков.