Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мечот Горење-Вардар со пренос на МТВ, 20:30 часот
Мечот Горење-Вардар со пренос на МТВ, 20:30 часот

Мечот Горење-Вардар со пренос на МТВ, 20:30 часот

РК Вардар  неделава ја оствари првата победа во 2017 година, и тоа во СЕХА Газпром лигата победувајќи го Нексе со 37-29 (17-16). Нашиот тим  се наоѓа на една победа пред заверка на првото место на табелата пред почетокот на завршниот  Ф-4 турнирот. Денес нашите момци играат во Словенија, тие гостуваат кај Горење.

Мечот со словенски Горење почнува во 20 часот и 30 минути вечерва. Од истиот директен пренос може да се проследи на Македонската радио и телевизија. Државната телевизија дуелот ќе го пренесува на првиот програмски канал со коментар на Видевски.