На петтото издание на меморијалниот ракометен турнир “Драго Јововиќ“ во Врбас учесник е комбинирана екипа на Вардар, составена од играчи кои се дел од младинскиот состав, како и играчи од Вардар 2 и Вардар Јуниор. Овој традиционален турнир се одржува во чест на Драго Јововиќ, поранешен капитен на олимписката репрезентација на поранешна Југославија и носител на олимписки медали. Општината Врбас, меѓуопштинскиот ракометен сојуз “Врбас“, сојуз на спортови на оптшина “Врбас“ и ракометниот клуб “Врбас“ се организатори на овој турнир. Оваа година на него учество земаа четири екипи. Покрај Вардар тука се Партизан, Црвена Ѕвезда и домашниот тим на Врбас Петрол.
Во текот на вчерашниот ден избраниците на Петковски и Петрушевски го загубија мечот со Партизан и денес ќе играат за третото место на турнирот. Натпреварот со Партизан го загубивме во второто полувреме, откако по првиот дел имавме водство од 12:11. Во вториот дел противникот направи пресврт и на крајот славеше со резултат 23:27. Најефикасни во нашиот состав беа Божидар Симиќ и Дејан Кукуловски кои постигнаа по 5 гола. На другиот натпревар Црвена Ѕвезда издвојува триумф против Врбас со резултат 33:30.
На овој турнир за екипата на Вардар настапуваат следниве играчи:Марко Кизиќ, Никола Кизиќ, Јагош Брауновиќ, Иван Димитриевски, Стефан Чакалиќ, Дејан Кукуловски,Тони Атанасовски, Антонио Николовски ,Марко Мишевски, Божидар Симиќ, Стефан Крстевски, Дамјан Трајковски, Томче Стојановски, Стефан Трпчевски, Христијан Ѓоршевски, Мартин Димов, Кристијан Лазов, Кристијан Анастасовски.
Денес со почеток од 16:30 часот играме за трето место против екипата на Врбас, додека финалето се игра од 19 часот во кој ќе се сретнат екипите на Партизан и Црвена Ѕвезда.