Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар ги завршија подготовките во Дојран
Пионерските екипи на ФК Вардар ги завршија подготовките во Дојран

Пионерските екипи на ФК Вардар ги завршија подготовките во Дојран

Двете пионерски екипи во текот на денешниот ден ќе пристигнат во Скопје, откако ги одработија седумдневните подготовки во Дојран. Во текот на вчерашниот последен ден помладите пионери одиграа контролен натпревар против екипата на Брегалница, кој го загубија со резултат 1:2. Иако по првото полувреме имавме водство со погодокот на Давид Астарџиев, во вториот дел противникот направи комплетен резултатски пресврт и на крај го доби натпреварот во своја полза. Пионерите пак поради немањето на противник, одиграа меѓусебен контролен меч. Да напоменеме дека во текот на овие подготовки, двете наши екипи одиграа пријателски натпревари и против Беласица. На тие мечеви помладите пионери славеа со резултат 4:0, додека пионерите победија со 5:0.

Во Скопје ќе продолжиме со тренинзи на теренот на академијата и ќе се подготовуваме за пролетниот дел од сезоната кој треба да стартува на почетокот на месец март.