Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар направи измени на логото, новото е прав погодок: модерно и вардарско (ФОТО)
Куглање! Вардар направи измени на логото, новото е прав погодок: модерно и вардарско (ФОТО)

Куглање! Вардар направи измени на логото, новото е прав погодок: модерно и вардарско (ФОТО)

Раководството на кугларскиот клуб Вардар се одлучи да изврши одредена промена на амблемот. Таа имаа цел истиот да го модернизираат во чекор со новите трендови, сепак да се зачуваат боите на  изворноста и да доминираат црвено-црната и се разбира неизбежната жолта боја на новиот амблем.  Истиот се наоѓа на златно-жолт штит,  тој  има златна рамка, во внатрешноста  се наоѓаат црвено-црни полиња во чија средина се наоѓа златната буква “В“ врз прекрстени два чуња. На врвот штитот е “крунисан“ со симболот на Скопје, мостот кој се наоѓа над реката Вардар, стилизирана верзија од историскиот споменик “Камени мост“.

logo-new

НОВОТО ЛОГО!

Во овој потег тие сакаат да направат ребренд на истото, во што одлично успеаа, наскоро на новата опрема која веќе е нарачана ќе се најде ова прекрасно дело. Ние како редакција на Вардар фанс им изкажуваме пофалба за одличниот дизајн на истото. Кое далеку повеќе го одсликува вардаровиот дух, изгледа модерно и префинето. Браво за тимот кој го изработи.