Вчера на натпревар од регионалната СЕХА Гаспром лига, РК Вардар стигнаа до својата 14 победа во ова натпреварување. Во еден крајно неизвесен натпревар, црвено-црните успеаа да ги освојат бодовите на гостувањето во Велење. Избраниците на Раул Гонзалес триумфираа над Горење со 29-31 (13-13), тој на прес конференција по мечот за овој натпревар изјави:
Нашите противници беа добро подготвени за оваа средба. Тие беа навистина тежок противник за игра вечерва во овој дуел. Во второто полувреме во последната четвртина од мечот одигравме добро, со што на крајот одезбедивме победа на овој натпреварот. Оваа победа е многу важна за нас, бидејќи со истата ја имаме обезбедено првата позиција пред завршниот Ф-4 турнир во регионалната лига.
На прес конференцијата од играчкиот кадар својот став го искажа најдобриот поединец во вториот дел, двигателот на триумфот црногорскиот репрезентативец во нашите редови Вуко Борозан.
Сакам да им честитам на екипата на Горење Велење за добрата игра вечерва на овој натпревар. Најважно, за нас на крајот е победа која ја освоивме. Со истата ние сме сигурни на врвот и како лидери идеме на завршниот турнир во регионалното натпреварување.