Екипата на РК Вардар во сабота ќе го одигра првиот натпревар во новата година во лигата на шампиони. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на ППД Загреб. По тој повод нашиот клуб ќе одржи прес-конференција на која ќе ги искаже очекувањата за овој натпревар. Истата ќе се одржи во четврток со почеток од 12:00 часот во прес-конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански.
Натпреварот во сабота е со почеток од 17:30 часот. Победата е императив за црвено-црните во борбата за највисок пласман во најсилната група.