Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Очекувам полна сала – Стоилов: Многу е битно да го добиеме овој натпревар
Гонзалес: Очекувам полна сала – Стоилов: Многу е битно да го добиеме овој натпревар

Гонзалес: Очекувам полна сала – Стоилов: Многу е битно да го добиеме овој натпревар

Во сабота во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните ќе го одиграат првиот натпревар во новата година во лигата на шампиони. Тоа ќе биде десеттото коло во најсилната група Б, каде за противник го имаме тимот на ППД Загреб. Позната екипа за нашиот состав, која успеа да не победи во првиот дел и да ни го нанесе тогаш првиот пораз во групата после четири последователни победи. Од истава екипа прв пораз и единствен до сега забележавме и во рамките на СЕХА-лигата. Од тие причини во сабота мораме да одиграме максимално добро и да му вратиме на Загреб за овие порази. По повод овој натпревар денес се одржа прес-конференција на која зборуваше шефот на стручниот штаб, Раул Гонзалес истакна дека не очекува нов тежок и неизвесен натпревар, но дека неговиот тим е спремен да збележи победа.

-Играме лига на шампиони против Загреб. Сезонава трипати игравме против нив. На натпреварот од СЕХА лигата, во Скопје победивме, но имавме многу повредени по натпреварот со нив. На првиот натпревар од лигата на шампиони кај нив загубивме со еден гол разлика. Во првото полувреме игравме добро, но во второто имавме проблем со нивната одбрана. Потоа изгубивме на гости и во СЕХА лига. Мислам дека треба да бидеме спремни и многу да ги почитуваме, и треба да играме со 100 отсто. Очекувам ‘Јане Сандански’ да биде полн зашто ни треба помош. Мислам дека ние ќе бидеме спремни зашто многу сум задоволен како трениравме цела недела. Тренинзи имаме и попладне и утре и ќе видиме кој ќе игра. Но знаеме дека денес играат Рајн Некар и Кјелце. Aко сакаме да успееме дома не смееме да изгубиме. Значи очекувајте многу добар натпревар, многу интензивен. Не знам кој ќе игра, но да разликуваме дека кога се игра Лига на шампиони сите играат 100 отсто. Играчите кога се спремаат за лига тоа изгледа како за финале. Треба да се фокусираме на нас, а да не мислиме како ќе бидат играчите од Загреб, рече Раул Гонзалес.

Нашиот капитен Стоилов напомена дека претходните мечеви со Загреб се минато и дека сите сили мора да се насочат на саботниот меч.

-Да ги заборавиме сите натпревари што досега ги игравме против нив. Да заборавиме дека вчера загубија од Металург. Да се сконцентрираме за во сабота, многу тежок натпревар ќе биде. Можеби некој очекува дека ќе биде лесен натпревар поради нивниот пораз од вчера, но јас не се согласувам. Многу е битно дома да победиме и да немаме уште еден кикс како со Рајн Некар, изјави Стоилов.